×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ

    18.05.2021 07:53 | KumanovoNews

    Народот е најважен, а полека за жал е истребен. Премногу е исплашен, уценет, угнетен и понижен. Но, тоа е најверојатно еден од мизерните начини за да успешно се контролира начинот на размислување и делување во едно дерогирано општество.

    СТАВ: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ

    Вистината мора да биде кажана. Таа е отпор против наметнатата тишина и стравот. Таа е долг кон тивките. Но, набргу ќе дојде и денот кога одлуката ќе е во 2 минути позади гласачкиот параван. Граѓанинот трпен - спасен верувајте, ќе е на крајот.

    И ќе дојде време да одлучува на локални избори, за татко на градот во најголемата општина во Република Македонија. Притоа, ако може да им се верува на резултатите од испитување на јавното мислење, се испоставува дека "витезот" некако добро котира пред почеток на трката на 100 метри со пречки. А во "бастионот" на јавна сцена секојдневно мерења на лична сила, внатрепартиска пресметка, промоција на кандидати, многу вкрстени огнови внатре во сопствените редови, така да се е можно. Далеку пред почетокот на официјална кампања постојано следиме фалење и отчет за не(сработеното), за подобри комунални и инфраструктуктурни проекти, за солидни решенија за сообраќајниот хаос и паркинг просторот за кој некако како да нема решение. Приказната наречена "Да се биде или Не" продолжува и со снимање видеа во паркови и зеленила со промоција на истите, ветувања за почист воздух за сите, како и пренамена на одредени постоечки капацитети и адаптирање за потребите на општината и општинските служби и претпријатија.И што ли уште не...

    И отприлика тоа е тој капацитет, тоа знаење, умешност, манипулација, празна демагогија, таа права линија, ниска вибрација и справување со општинските проблеми и предизвици во последните 30-тина години. Толку е...

    Доволно и доста видовме од кадровско политички промашувања и продавачи на магла. Затоа што со години наназад избиравме "лидери" за тоа што тврдат и се удираат во гради дека (ќе) дејствуваат според волјата и интересот на народот, но во пракса се покажа дека тоа го прават исклучиво само за да ја оправдаат нивната концентрација на моќ, откако ќе се укотват во удобните кожни фотелји.

    Мамењето (лагата) стана важен дел од политичкото однесување и практика. Тоа некако се прави систематично, плански и со намера. За жал, кај нас тоа се третира и прифаќа како нормална појава, така што речиси и да нема политички говор или изјава, а да нема дел вистина, дел лага, кажана или премолчена.

    Но и Фудбалска Македонија во дуелот со Германија беше тотален аутсајдер, но на крајот направи сензација и испиша историја.

    Само едно е повеќе од јасно.

    Дојдено е време за менување на колективната свест преку познатата девиза, односно реченица "погледнете ги сите во нашето опкружување, едноставно одат напред, а ние тапкаме во место".

    Многу неопределени "резиденти" длабоко во себе кога подобро ќе размислат секако посакуваат промена на локалната власт и реални, остварливи очекувања во иднина. Треба само искрено да веруваат во себе и дека тоа што ќе го направат ќе биде секако правилна и исправна одлука.

    Секој кој правилно проектира своја перцепција, посакува да даде доверба на некој кој вреди, да даде поддршка за менаџирање на општината на некој кој е достоен и кој секако комплетно и апсолутно ќе ја оправда нивната доверба. На некој на кој ќе му биде дадена можност да ја претстави својата визија и програма за подобар и поубав развој на овој град. За да подоцна кога ќе истече барем половина од мандатот, да речеме секој од нас си земе терезија или кантар во рацете и во мозокот и си донесе заклучоци и сопствен суд дали визионерот ги оправдува очекувањата или не. За да тој истиот кон кого ќе биде насочено вниманието, има минимум простор и можност да се споредува со неговите претходници за било која работна реализирана активност. Затоа, како што прстите на раката не се исти, така и луѓето се разликуваат по многу нешта едни од други.

    Кумановчани овој пат ќе застанат на вистинската страна, позади проект наречен успешна локална приказна, просперитетот и напредокот. Куманово може и треба многу подобро да се развива. Овој град секако има душа, урбан стил и комодитет за многу повеќе. Време е за локални промени на многу подобро. Време е за нешто ново, за нови човечки и интелектуални капацитети!

    Срѓан Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, Централна правна комисија