Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајците утре од 10 до 12 часот ќе го блокираат патот кон Скопје, бидејќи се револтирани што за нив нема пари во буџетот на државата за 2013 година.
Ние како да не постоиме, на никого не сме му важни, едноставно вишок сме. Во буџетот за догодина како што сме информирани во ниту една ставка нема планирано пари за наше обештетување. Стечајците од цела Македонија ќе ги блокираат патиштата во знак на револт. Ние утре масовно ќе излеземе на мостот кај бензинската пумпа на Макпетрол и ќе го блокираме сообраќајот два часа - велат стечајните работници од Куманово.
Тие се убедени дека по најновите инциденти во Собранието, заложбите на опозицијата да се обештети оваа категорија на граѓани ќе падне во вода и дека парламентарците нема да им помогнат на стечајните работници.