×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците пред домовите на Пачков и Стоиљковиќ

    27.01.2014 12:27 | KumanovoNews

    Стечајните работници денеска протестираа пред домовите на пратениците Јордан Пачков од ВМРО - ДПМНЕ и Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, за да им укажат дека направиле грешка бидејќи не гласале Законот за стечајци.

    Стечајците пред домовите на Пачков и Стоиљковиќ

    При тоа полицијата не им дозволи да застанат пред влезовите на зградите, туку беа запрени на улицата. Од УНИТ се надеваат дека Владата ќе се премисли и ќе понуди поинакво законско решение кое ќе ги опфати сите 6000 стечајци во Македонија. Лилјана Георгиевска, лидер на стечајците на премиерот му порача добро да размисли пред да се соочи со порадикални чекори.

     Сакам да му порачам на премиерот дека не е доцна, може да се обештетат сите 6000 стечајни работници и да престане оваа голгота и ова одење по улици. Ако не го направи тоа ќе биде соочен со социјални немири, со шатори пред Собрание, со порадикални мерки од страна на стечајни работници. Ќе одиме до кај пратеникот Стоиљковиќ, бидејќи тој е ист како Пачков. Ќе му посакаме добредојде за Свети Сава за да му кажеме дека и тој има право како пратеник да сугерира, да предлага и да се заложи за оваа категорија - изјави Георгиевска.

    Дел од стечајците имаат и предлози по кои критериуми да бидат обештетени.

    Не мора по 7.000, нека даде по 5.000 денари на сите и ќе бидеме задоволни. Нека биде со 15 години работен стаж, минимум за жени 50 и за мажи 53 години возраст - вели Зоран Бошковски, стечаец од “Кожара“.

    Ова е вторпат стечајците да протестираат пред зградата каде живее пратеникот Пачков.  За два - три дена тие ќе протестираат пред домот на пратеникот Хајрула Мисини од ДУИ.