Стечајците утре кај Груевски?
12.01.2010 14:13
| KumanovoNews
Стечајните работници кои повеќе од месец дена штрајкуваат со глад, утре ќе заминат пред Владата за да се сретнат со премиерот Никола Груевски.
„Сметаме дека клучот за решавање на нашиот проблем е во рацета на
премиетот. Доколку тој одлучи да го затвори нашето прашање, може да го
реши истиот ден. Затоа сакаме да се сретнеме со него и да го прашаме
зошто досега не не посети и не го прифаќа нашиот закон за матерјален
надомест„- велат стечајците.
Стечајците посетата во Владата ја најавиле писмено, но не добиле
потврден одговор дали некој ќе ги прими на разговор. Тие најавуваат
дека секој ден ќе седат пред Владата, додека премиерот не најде врем за
нив.