Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници од Здружението „УНИТ„ утре ќе протестираат пред Собранието.Tие најавуваат дека ќе ја блокираат улицата пред Собранието со цел да ја натераат власта да го реши нивниот социјален статус.
Утре на дневен ред се пратеничките прашања. Две прашања на опозицијата се однесуваат на нашиот проблем, се надевам дека ќе се проговори за нас и власта ќе даде зелено светло за отпочнување на дијалогот. Ние нема да попуштиме во борбата за остварување на нашите права, затоа што не по наша вина сме избркани од работа - вели Лиљана Георгиевска претседателка на УНИТ.
Стечајните работници бараат згрижување до пензионирање или следно вработување за жени над 50 годишна возраст со 15 години работен стаж и за мажи над 53 години.