Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура "Трајко Прокопиев" утре/сабота/ во 20 часот организира стендап на Жарко Јовановиќ, а средствата од влезниците ќе бидат донирани за лекување на двете девојчиња Теодосија и Ана, кои се наоѓаат во болници во Турција.
„Прв пат земам вакво учество во хуманитарен настан и задоволство ми е да помогнам, секој на свој начин, јас преку мојата комедија. Се надевам дека ќе се соберат што повеќе средства за двете девојчиња, преку овој, но и другите настани што се организираат во тоа име. Тоа е добар начин да се вклучат што повеќе луѓе, преку културата.Настанот се одвива во истиот ден кога е и хуманитарната трка за Ана и Теодосија“, вели актерот Жарко Јовановиќ.
Тој ги повика кумановци да дојдат во што погоелм број и да дадат свој придонес во собирањето на неопходните средства.
Билетите можат да се купат на благајната на Центарот за култура по цена од 150 денари.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk