Стигнаа 20.000 „Спутник“ вакцини донација од Србија

01.04.2021 - 13:33

Србија донираше двапати по 20.000 дози од вакцината „Спутник“, за имунизација на населението во Македонија.

Стигнаа 20.000 „Спутник“ вакцини донација од Србија

Владите на Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник В“ од кои првата количина од 20.000 дози од компонентата 1 пристигнуваат денеска, а останатите 20.000 дози од компонента 2 во наредниот период.

„Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник В“ вакцини против ковид-19 и го прифати текстот на договорот меѓу двете влади за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против ковид-19“, соопштува Владата.

Од Србија веќе добивме 8 илјади вакцини на „Фајзер“ кои беа за здравствените работници од Ковид-центрите.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk