Стигнаa 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција

09.06.2021 13:35 | KumanovoNews

Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од Турција.

Стигнаa 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција

„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, соопшти министерот Филипче.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.  

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk