Стигнаа регистарските тaблички, ќе можат да се регистрираат новите коли

29.04.2021 - 15:53

Стигнаа регистарските таблички откако повеќе од еден месец имаше недостиг во станиците за регистрација. Граѓани се пожалија дека не можат да ги возат новите возила кои ги купиле, бидејќи државата не набавила навреме регистарски таблички и не може да се изврши регистрацијата.

Стигнаа регистарските тaблички, ќе можат да се регистрираат новите коли

Од Министерството за внатрешни работи велат имало мал застој во издавањето на регистарските таблички во неколку градови бидејќи се избирала нова фирма, но сега тендерот е завршен и договорот е склучен.

„Проблем е веќе надминат и таблички се испорачани по градови односно граѓаните можат да добијат регистарски таблички“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Тендерот за изработка на регистарски таблички го доби фирмата „Квантум ДООЕЛ“ од Скопје. Договорот е склучен за три месеци, а вредноста е 182.000 евра.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk