Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупно 163 кумановски пензионери ќе одат на бесплатен туристички викенд на трошок на државата, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Списокот со имињата и презимињата на пензионерите на кои им е одобрено користење на бесплатен туристички викенд, е објавен на веб страната на ресорното министерство. Првата група за седум дена заминува на викенд.
“Засега се распределени само првите три групи пензионери кои ќе одат во Охрид и Дојран. Останатите групи ќе бидат истакнати во текот на наредната недела“ -изјави Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.
Бесплатниот туристички викенд за прв пат се воведува од годинава, и опфаќа два полни пансиони во неколку туристички центри во Македонија, како Охрид, Струга, Дојран, Преспа, Крушево и Берово.