×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сточарите од Љубодраг и денеска на протест, утре на средба со претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство

    21.03.2023 13:23 | Оливера Пешевска

     И денеска сточарите од селото Љубодраг го блокираа регионалниот пат Куманово - Скопје, во период од 10 до 12 часот, против одлуката за уништување на свињите донесена од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред шест месеци беше откриен случај на африканска чума.

    Сточарите од Љубодраг и денеска на протест, утре на средба со претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство

    „За среќа надлежните се одѕваа на нашата иницијатива да се сретнеме и утре во 18 часот ќе имаме можност да ги изложиме нашите проблеми и барања. Се надеваме дека состанокот ќе вроди со плод и ќе постигнеме решение со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инаку по првиот протест од петокот, почнаа да носат решенија, но никој не сака да ги прими“, изјави Бобан Лазиќ,претседател на МЗ Љубодраг.
               

    Состанокот се надлежните ќе се одржи утре во кружната сала на т.н. Комитет, а доколку не постигнат договор протестите и блокадите од жителите од Љубодраг и околните села и од Тромеѓа нема да престанат и ќе продолжат до целосно исполнување на барањата.

    Едно од нив е АХВ да го смени правилникот за искоренување на афричката чума, кој треба да се ревидира на секои 5 години.

    Во октомври минатата година бил откриен случај на африканска чума во една одгледувачница.Сточарите тврдат дека во тоа време биле уништени свињите во заболената фарма, а на останатите им биле земени примероци на крв кои покажале дека добитокот е здрав. И покрај тоа што агенцијата имала обврска во рок до 40 дена да им даде напатствија дали да продолжат со одгледувањето на добитокот немаат одговор ни по шест месеци.

    Жителите на Љубодраг, Умин Дол, Ново Село и Тромеѓа протестираа и во октомври, поради истата причина, по што уништувањето на добитокот беше спречено.