×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сточниот пазар да се врати во среда

    19.12.2011 12:20 | KumanovoNews

     ЈП „Пазариште„ ќе побара од Советот на Општината, среда да се врати како пазарен ден за добиток во селото Долно Којнаре.

    Сточниот пазар да се врати во среда

    Оваа одлука ја темелат врз основа на потребите на граѓаните, бидејќи Куманово одсекогаш било познато по големиот сточен пазар во среда.

     Традиционално во Куманово во среда доаѓале сточарите и трговците не само во соседните Општини туку и пошироко, затоа што бил единствен во текот на неделата. Сега во сабота покрај во нашата општина има пазари и во другите градови, па понудата и побарувачката е намелена се жалат оние кои се засегнати со оваа проблематика. Ние сме во функција на нивната работа и затоа мораме да ги пренесеме нивните реакции и да бараме преиначување на одлуката, и се надевам дека Советот ќе го прифати нашто барање - вели директорот  Фадиљ Шабани.

     Тој најавува дека во наредната година ќе се подобрат условите за работа на добиточниот пазар, а ќе се отвори кванташки и авто пазат на локацијата во селото Којнаре.Пазарот од среда се помести во сабота, поради големите гужви кои се правеа на улицата кон селото, а го попречуваше и нормалното одвивање на настава во Земјоделското училиште.