Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, деновиве престојувал во Бања Лука, каде се сретнал со премиерот на Република Српска Милорад Додик.
При тоа било разговарано за унапредување на добрососедските односи на државите во регионот каде што живеат граѓани од српска националност. Стоилковиќ го запознал претседателот Додик со положбата на Србите во Македонија, како и актуелните политички состојби во државата.
Покрај претседателот на ДПСМ, на средбата во Бања Лука присуствувал и претставник партија на Србите од Црна Гора.