Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека не ги реализира ветувањата што ги дал во предизборната кампања и побараа отчет за сработеното.
При тоа потсетија дека Дамјановски најавил изградба на индустриска зона во Табановце со 60 индустриски објекти и 2.500 вработувања и “Горилница на цврст отпад“ во селото Добрешане по највисоки стандарди каде ќе се отворат 250 нови вработувања.
Нов цевковод за снабдување на градот со вода за пиење во должина од 16,5 км од езерата во Липково до прочистителната станица, изградба на голем трговски и административен центар кај “Чоробенско ќоше“, изградба на нов фудбалски стадион кај Сточниот пазар, инфраструктура во населбата Средорек, реновирање на зградите во центарот на градот, изградба на аква парк, довршување на градскиот базен, асфалтирање на улици во населбата Иго Тричковиќ, канализациона мрежа во Умин Дол, Љубодраг и Ново село, поефтини паркинг услугите. -ги наброја проектите Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Стојановски вели дека градоначалниците од ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија даваат отчет за сработеното пред граѓаните за разлика од Дамјановски кој ја потценува меморијата на граѓаните.