×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стојковски заминува од „Водовод“

    16.08.2021 09:34 | Сузана Николиќ

    Горан Стојковски, в.д. директор на ЈП „Водовод“ си заминува од претпријатието. Според наши информации, Стојковски од поодамна поднел оставка на функцијата, но ќе остане до крајот на септември кога му завршува 6 месечниот договор како в.д. директор.

    Стојковски заминува од „Водовод“

    Toj за Кумановоњус  ја потврди информацијата, но не сакаше да ги каже причините за повлекување од функцијата.

    „Јас два мандати го водев претпријатието и мислам дека беше доволно. На јавното претпријатие му треба нова сила, нова енергија, нови идеи“, одговори кусо во телефонскиот разговор Стојковски.

    Неофицијално и покрај добрата соработка со градоначалникот Максим Димитриевки, причината за заминувањето се непремостиви разлики со локалното раководство на СДСМ.

    Стојковски беше назначен за прв човек на ЈП „Водовод“ во септември 2013 година од градоначалникот Зоран Дамјановски, со цел да ја стабилизира работата на претпријатието кое тонеше во долгови.

    Тој ќе ја продолжи кариерата во приватен сектор.

    За наследник на Стојковски, неофицијално се смета на првиот соработник на Димитриевки и поранешен директор на ЈП „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.