Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„, денеска го прекинаа процесот на производството и протестираа во кругот на фабриката, барајќи да им се исплатат заостанатите 10 плати.
Работниците не дозволија актуелното раководство да влезе во управната зграда, гневни што не презема ништо да се надмине тешката матерјална состојба во компанијата.
Вработените се револтирани и повеќе немаат трпение. Денеска ги вративме директорите од работа бидејќи повеќе не веруваме на ветувањата дека наредниот ден ќе има плата.Ни дојде преку глава, последната плата ја земавме пред Велигден, а пред тоа немавме земено 4 месеци плата. Значи ни исплаќаат 20, 30 проценти од платата, а немаме здравствено осигурување. Вработените во просек над 50 години и на сите ни треба лекување. Пред некој ден ни умре колега од глад, немаше за леб,- вели Слободан Јовановски, член на фабричкиот синдикат.
Фирмата “Квалитет пром„ од Куманово, која пред повеќе од еден месец го купи управувачкиот пакет акции сеуште не е влезена во фабриката, бидејќи не е завршена процедурата за превземање и не е одржано акционерско собрание. Но додека се чека новиот сопственик проблемите во фабриката се напластуваат, а вработените немаат основна егзистенција и покрај тоа што одат на работа. Тие тврдат дека во фабриката има залихи на готови цевки и производи, кои доколку се продадат ќе се решат финасиските проблеми. Директорот Слободан Богдановски, кој вработените го сметаат за најодговорен за неизвесната состојба на компнијата, вели дека сите проблеми во фабриката ќе се решат со влегување на мнозинскиот акционер. Вработените од ФЗЦ досега повеќе пати протестираа поради неисплатени плати.