×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Строименовска: Владата обезбеди 8 милиони евра за културните работници вон институциите

    16.12.2020 12:50 | KumanovoNews

    Владата со новиот сет мерки во вредност од околу 8 милиони денари, им излезе во пресрет на повеќе субјекти погодени од коронакризата, воглавно културни работници кои не се институционално вработени, рече на денешната прес-конференција, Милена Строимановска од СДСМ.

    Строименовска: Владата обезбеди 8 милиони евра за културните работници вон институциите

    Со оваа мерка, вели Строименовска, Владата на СДСМ покажува дека се грижи за граѓаните.

    „Оваа е помош која секако ќе биде добредојдена. Средствата ќе бидат наменети за: естрадните уметници 731, со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати 21.776 денари, 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение,  финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари,  финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари, скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура“, посочи Строименовска.

    Таа додаде и дека во зависност од понатамошната состојба ќе се предвидат и дополнителни средства.