×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Струјата нема да поскапи од 1 јануари, рече Бектеши

    23.11.2023 15:40 | Сузана Николиќ

    Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека од 1 јануари цената на струјата нема да поскапи. Бектеши вели дека нема да плаќаат граѓаните повисоки сметки, бидејќи според Законот на енергетика, Регулаторната комисија за енергетика има обврска да направи надзор и да утврди дали пресметките од универзалниот снабдувач се направени како што треба.

    Струјата нема да поскапи од 1 јануари, рече Бектеши

    „Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е започната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде и од 1 јануари, а надзор прави Регулаторната комисија. Моментно се прават анализи од Регулаторна и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани“, кажа Бектеши одговорајќи на новинарски прашања на Самитот за женско претприемништво.

    Бектеши рече со тоа што имаме универзален снабдувач цената на струјата е пониска.

    „Ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ“, додаде Бектеши.