×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Струмичка фондација организираше концерт и собра 3.500 евра за лекување на Теодосија

    26.04.2023 14:59 | Сузана Николиќ

    Над 210 илјади денари се собрани од хуманитарниот концерт на Фондација Елеуса ,,Звукот на човечноста“ кој синоќа се одржа во Струмица, а парите се наменети за лекувањето на четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово.

    Струмичка фондација организираше концерт и собра 3.500 евра за лекување на Теодосија

    Струмичани донираа и преку купување билет за концертот, но и на пунктот поставен за таа намена, и со тоа повторно ја покажаа својата хуманост на дело - да се подаде рака и да се помогне кога е најпотребно, пренесува порталот Дрнка.мк.

    На концертот настапиле ученици од средните и музичкото училиште, и тоа вокално инструменталниот состав „Стихири, бендовите на СОУ „Јане Сандански „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“, како и младите од ОМУ ,,Боро Џони“ од Струмица.  Тие на сцената во НУЦК ,,Антон Панов“  преку музика апелираа на хуманост и заедништво што доволно покажуваат и фотографиите објавени од Фондацијата Елеуса.

    Теодосија овие денови треба да замине на лекување во Турција, па голем број на граѓани во земјава и странство се мобилизираа да помогнат. 

    Граѓаните ја покажуваат својата хуманост и кон деветгодишната Ана Аргировска која боледува од ретка болест, а се опоравува на турска клиника по извршена трансплантација на коскена срцевина.

    Во Куманово се уште нема организирана иницијатива на невладини организации, здруженија или, пак, од  општинската Фондација за култура, за организирање на концерт или сличен јавен настан за да се помогне на семејствата на двете девојчиња.