×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студио „Нате“ дел од тимот фризери од Македонија кој освои прво место на натпревар во Сараево

    11.06.2024 15:41 | KumanovoNews

    Наташа Додевска, сопственичка на студио и академија „Нате“ од Куманово, заедно со уште две колешки од Радовиш и Прилеп, освоија прво место на Интернационалниот натпревар „INTERNATIONAL NOOK DAY“, кој викендов се одржа во Сараево. 

    Студио „Нате“ дел од тимот фризери од Македонија кој освои прво место на натпревар во Сараево

    На натпреварувањето учествувале фризери и стилисти од Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и домаќините од Босна и Херцеговина. 

    „Темите за креација беа вода, воздух, оган и земја. Јас ја одбрав темата огин, и направив фризура која ја освои публиката и стручното жири. Многу сум горда на својот успех, бидејќи имав можност да ги претставам своите идеи и знаење на најдобар начин.

    Наградата многу ми значи и поради тоа што учествував на еден нов тимски натпревар. Заедно со моите кошеки Стојче од Радовиш и Габи од Прилеп, имавме незаборавно искуство и дружење, а голема благодарност и до MaksimEksluziv од Македонија, кој беше организатор да заминеме на натпреварот“, ни раскажа Нате.

    Со освоената победа државата се стекнува со право натпреварот наредната година да се одржи во Македонија, па Додевска се надева дека ќе се покажат во најдобро светло како добри домаќини и на најдобар начин ќе ги претставата убавините на нашата земја.