Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Студиото за танц „МАК“ од Куманово освои шест награди на меѓународен натпревар „Мастер Денс Лукец“, кој се одржа минатиот викенд во Брежице, Словенија.
Во силна конкуренција од 2000 танчери со 450 кореографии од 8 држави, македонските танчери достојно го претставија градот и земјата, освојувајќи врвни резултати.
„Нашето студио се натпреваруваше со 6 кореографии, соло деца модерен танц, соло опен категорија деца, формација модерен танц деца, мала група модерен танц деца, формација урбан јуниори и мала група модерен танц возрасни со вкупно 48 танчери. Притоа освоиме три златни сертификати, една елитно сребро и два сребрени сертификати. Две наши кореографии беа програсени за најдобри во 12 кореографии на целиот фестивал. Задоволни сме од резултатите кои ги постигнавме на овој престижен натпревар во Словенија, научивме многу нови танцови техники посетивме шест семинари, кои ги организираше Мастер Денс Лукец“, изјави кореографката Мерлин Стојановска.
Таа упати благодарност до родителите и сите спонзори кои го помогнаа патувањето.
Студиото за танц „МАК“ оваа година планира да оди на уште неколку меѓународни натпревари и фестивали на Балканот. Во април ќе се одржи 11. издание на „Денс Фест“ Куманово, на кое очекуваат гости од Македонија и од соседните држави.