×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шумско стопанство да го поправи патот до манастирот „Карпино“, бараат жителите на околните села

    30.03.2021 09:54 | KumanovoNews

     Жителите на селата Сув Ора и Дренак, бараат од Шумско стопанство Куманово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогнат во санирање на патот кон манастирот Карпино, бидејќи нивни камиони го оштетуваат додека изнесуваат дрва.

    Шумско стопанство да го поправи патот до манастирот „Карпино“, бараат жителите на околните села

    Се потежок е пристапот до манастирот „Карпино“ и патот до околните села Дренок, Ора и Карадак. Редно е Национални шуми да излезат на терен  и да го санираат, бидејќи тие го оштетуваат со изнесување на дабова шума, а немаат вложено ни денар во патот а камоли во манастирот. Ако не одговорат на нашето барање, можно е да се протестира и да се забрани транспорт на дрва, бидејки тоа не е шумски пат“, велат жителите во барањето кое е доставено до Шумско стопанство.

     Жителите на селото Сув Ора и околните села, на почетокот на декември  со помош на ловџиите и планинарите, започнаа со поправка на патот до манастирот Карпино. Со поддршка на Општина Старо Нагоричане, патот го посипуваа со гребен асфалт, кој се вади од магистралниот пат Куманово-Старцин.

    Наша цел е да овозможиме полесен пристап до манастирот Карпино. Ние правиме колку што можеме, но ни треба помош и поддршка.  Со полесен пристап до манастирот ќе се создадат услови за поправка на конаците и уредување на целиот комплекс“,  вели Трајче Димитриевски, еден од организаторите на акцијата.

    (С.Н.)