×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечена академија по повод годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош

    07.02.2023 10:38 | Ивана Алексовска

    Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав (ЗАПВАРС) и годинава ја организираше традиционалната Свечена академија по повод загинувањето на народниот херој и легендарен командант Христијан Тодоровски - Карпош.  Оваа година се навршуваат 79 години од загинувањето на Карпош.

    Свечена академија по повод годишнината од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош

    Академијата се одржа во Занаетчискои дом Куманово, со пригодна културно-уметничка програма и читање на литературни творби. Во чест на големиот херој беше презентиран и документарниот филм за Карпош - славниот командант од Козјачкиот партизански одред.

    Пред присутните се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, кој потсети дека Куманово било дел од НОВ, а нашите предци се вклучиле во борбата за слобода, но и во борбата за човековите права. 

    „Наша обврска е да ги чествуваме нивните датуми, бидејќи тие се втемелија во нашата државност. Куманово денеска е слободно и ние сме горди на тоа. Да се почитува туѓото но и да се негува своето“, кажа Димитриевски.

    Христијан Тодоровски Карпош е роден на 3 септември 1921 година во Куманово, а загинал на 7 февруари 1944 годинаво с. Билјача, Србија во битка против бугарскиот окупатор.