×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечена академија за Денот на градот

    11.11.2013 14:17 | KumanovoNews

    Во чест на 69 годишнината од ослободувањето на Куманово денеска во Младинскиот културен центар се одржа Свечена академија на која беа презентирани проектите на Локалната самоуправа.

    Свечена академија за Денот на градот

    При тоа градоначалникот Зоран Дамјановски го истакна значењето на мултиетничкиот живот во градот.

    Со богата слободарска традиција од мало балканско гратче во 16 век Куманово растеше, созреваше и го градеше својот лик како град кој знаел и умеел на балканските ветрометини низ историјата да продефилира со својот лик - достоинствен, смел, човекољубив, правдољубив, слободољубив, а сепак во својата душа весел. Куманово има и погодна геостратешка положба и тоа овозможува отворена комуникација кон сите страни. - вели Дамјановски.

    На академијата се обрати претседателот на општинскиот совет, Максим Димитриевски кој потесети дека работа учествуваат претставници од 13 политички партии со вкупно 33 советника.

    Советот е различен по политичка, етничка и верска припадност, а секогаш е единствен по прашањата во интерес на граѓаните. Нашите заложби и очекувања се големи. Дадовме можност за употреба на јазиците на етничките заедници во работата на советот, но сепак тука нема да застанеме - изјави Димитриевски.

    На српски јазик говореше советничката од СДСМ, Валентина Мициќ, а на албански се обрати советникот од ДУИ, Ридван Асани. Следеше и културно-уметничка програма. На свеченоста присуствуваа заменик министерот за транспорт и врски Џељал Бајрами, претставници од сите политички партии, новиот владика Кумановско-осоговски Јосиф,  претставници на исламската верска заедница, на АРМ, СВР Куманово, граѓани.