×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечено откриена спомен-плоча во Куманово во чест на загинатите полицајци во „Диво Насеље“ (фотогалерија)

    23.08.2023 12:57 | Оливера Пешевска

    Во кругот на СВР Куманово денеска беше откриено Спомен обележје во чест на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље“.

    Свечено откриена спомен-плоча во Куманово во чест на загинатите  полицајци во  „Диво Насеље“  (фотогалерија)

    Споменикот го откри министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во присуство на семејствата на загинатите припадници од Единицата за брзо распоредување и Специјалната анти-терористичка единица Тигар, највисокото раководство на МВР, СВР Куманово,п ретставници од локалната власт и политичките партии.

    Тој потсети дека ништо не е исто после 9 и 10 мај 2015  за семејствата, за другарите и колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување  ќии припадници беа.

     „Денеска сме тука за да им оддадеме посебна почит и со оваа спомен плоча, која ја направивме заедно со Македонскиот полициски синдикат како паметник на нивната големина, храброст и жртва, како обележје дека хероите живеат вечно! И тоа токму на Денот на Единицата за брзо распоредување, за дел од нив нивниот втор дом... Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации. Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно - Нека им е вечна слава!”, рече министерот Спасовски. 

    Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се припадниците на специјалните полициски сили во чија чест е поставено спомен обележјето.

    Настанот е во рамки на програмата за одбележување на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

    Активности поврзани со денот на ЕБР- 23 август продолжуваат во текот на денот,а ќе се заокружат со централната свеченост вечерва, со почеток во 19 часот,  пред Градскиот базен во Куманово.