×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свети Никола - Дедо Мраз во православието

    19.12.2013 08:41 | KumanovoNews

    Свети Никола го посетувал семејството на еден сиромав човек секогаш пред да ги мажи ќерките и до кревет во нивните чорапи им оставал златници. Од таму е таа приказна за Дедо Мраз која е инспирирана од вистинскиот живот на еден светител

    Свети Никола - Дедо Мраз во православието

    Најголем дел од христијанските верници во Куманово денеска го слават Свети Никола, светецот кој е заштитник на градот. Името на овој светец го носи и соборниот храм во Куманово, т.н. Стара црква, кој денеска е преполн со верници од целиот регион.

    Свети Никола е роден во Ликија, Мала Азија и по смртта на неговите родители целото свое богатство го поделил на сиромашните. Тој се борел против ересите и за време на Диоклецијан бил затворан бидејќи ја проповедал христијанската вера. Во времето на цар Константин бил ослободен и истиот тој цар го свикал првиот вселенски собор. Иако бил кроток по природа Свети Никола на еретикот Ариј на соборот му удрил шлаканица, по што бил затворен. Вечерта Христос и Богородица се јавиле на тогашните епископи и барале Свети Никола да биде ослободен и ставен на престол бидејќи е праведен.

    Имало некој сиромав човек кој имал 3 ќерки за мажење и немал пари за мираз. Тој бил многу загрижен заради тоа. Свети Никола го посетувал секогаш пред да дојде време за мажење на ќерките и до кревет во нивните чорапи им оставал златници. Од таму е таа приказна за Дедо Мраз која е инспирирана од вистинскиот живот на еден светител. Го славиме поради љубовта негова. Неговите мошти околу 11 век се пренесени во Бари и секој верник може да отиде да им се поклони - вели свештеник Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

    Здравковски вели дека кумановските верници имаат особена почит кон Свети Никола. На некои од нив славата им е наследена, некои ја слават како именден, и трети по своја волја бираат да слават Свети Никола.

    Јас имав можност деновиве да видам две икони кои се по  100 години стари во различни семејства. Тие ги имаат наследено од своите дедовци. Ги чуваат 100 години иконите и до ден денес го слават Свети Никола како многу близок до нив. Како топла личност, родителска која се моли за здравје и спасение - додава Здравковски.

    Пред празникот граѓаните постат, а ден пред славата сечат колач во црква. За празничната трпеза верниците подготвуваат традиционални посни јадења.

    Гостите ги пречекувам со посно гравче на тавче, посна сарма, риба пржена и печена, сезонски салати и десетина видови различни посни колачи. Се создава убава атмосфера, топлина во домот бидејќи се собираат блиските. Порано славите беа за поширок круг на луѓе, но јас и сопругот имаме големи фамилии  и секако на слава се собираме 30 луѓе - раскажува Милева Илиевска, одделенски наставник во ОУ“Вук Караџиќ“.

    Етнологот м-р Анита Ѓоргиоска од НУ Музеј Куманово, вели дека Свети Никола спаѓа во циклусот на зимски празници кој е пропратен со многу обичаи со желба да се обезбеди среќа и напредок на семејството, добар посев, здравје за стоката.

    Свети Никола спаѓа во периодот на Божиќните поклади кои почнуваат на 14, односно 27 ноември по нов календар со кој започнуваат божиќните пости кои траат 6 недели и затоа славата е посна. Според народното предание Свети Никола им помагал на сите луѓе, а особено на морнарите и капетаните на бродовите. Поседувал чудотворна моќ во лекување на разни болести и за тоа е наречен чудотворец и црквата го има прогласено за светец. Многу семејства го слават како куќен патрон, односно слава инаку меѓу народот се слави како голем празник - вели Ѓорѓиоска.

    Главни обележја се колач, свеќа и вино, а овој ден го слават сите кои се викаат Никола или Николина, додава етнологот.