Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите спортски патишта денеска водат кон Ниш. Кумановските навивачи масовно заминаа да ги бодрат нашите ракометари на Европското првенство во соседна Србија.
Опремени со државни знамиња, капи, шалови, дресови, вувузели и други спортски риквизити, навивањето го започнаа уште на граничниот премин Табановце додека чекаа да ја поминат пасошката контрола. Песната „Излези момче право на тераса„ и скандирање „Македоноја, Македонија„ „Ми смо шампиони„, ечеа на граничниот премин. Сите очекуваат македонската ракометна репрезентација да постигне историски успех и да освои медала.
Одиме да ги бодриме нашите херои. Очекуваме победа на сите натпревари.Редно е да ги послужи среќата и нашите спортисти, бидејќи кошаркарите во Литванија неправедно останаа без медал. Сега треба да се поправи таа грешка- вели група на навивачи од Куманово.
Со комбиња и патнички возила, навивачи од сите генерации, имаат една желба да си поминат убаво и да има фер игра на првенството.
Првиот натпревар нашите ракометари ќе го одиграат против Шведска. Натпреварот почнува во 19:30 часот.