Свлечиште на патот Страцин - Крива Паланка
09.02.2015 11:55
| KumanovoNews
На излез од село Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

На овој патен правец поставена е соодветна сигнализација. Според информациите добиени од ЈП “Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
(фото Вечер)