Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од отсекот за превенција при СВР Куманово, апелираат граѓаните во претстојниот период да внимаваат да не бида цел на напад на разбојници.
Бидејќи времето се стоплува и фреквенција на луѓе се зголемува, се препорачува граѓаните да бидат претпазливи каде ги носат паричниците и чантите, а истовремено да не наседнуваат на измами со ефтино огревно дрво и слично.
“Секоја година со доаѓањето на топлото време има кражби на паричници, чанти, пари од џебови, измама на повозрасните граѓани. Би сакала до граѓаните да упатам апел за поголема будност и внимание, во однос на тоа како ракуваат со пари, каде ги носат паричниците и да не наседнуваат на измами како продажба на предмети кои вредат за ефтини пари. Тоа се однесува на лажен златен накит, купување на огревно дрво, наседнување на приказни дека се нивни роднини и итно им требаат пари кои ќе ги вратат“ - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција во СВР Куманово.
Богдановска вели дека овие измами се чести на почетокот на месецот, кога постарите луѓе земаат пензија.