×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата

    08.05.2023 16:45 | Оливера Пешевска

    Со повеќе активности Отсекот за превенција при СВР Куманово го одбележа  7 Мај - Денот на полицијата.

    СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата

    Во сабота се одржал турнир во одбојка во женска конкуренција помеѓу екипи од основните училишта од општина Куманово, додека во недела во Здружението на армиско полициски ветерани е одигран шаховски турнир.

    Одбојкарскиот турнир е организиран во соработка со Општински сојуз на училишни спортови Куманово, во рамки на превентивната кампања од насилство во спортот и едуцирање на младите за примерно однесување на спортски натпревари. По завршување на турнирот на најдобро пласираните екипи им беа доделени дипломи. Шаховски турнир беше помеѓу екипи од Здружението на армиско полициски ветерани, Здружение на пензионери, Шаховски клуб Куманово, СВР Куманово и претставници од Сектор за образование. По завршувањето на турнирот на учесниците им биле поделени благодарници“, соопштуваат од полицијата.