Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицајци од Секторот за превенција денеска на Градскиот плоштад делеа флаери и рекламен матерјал во кој ги повикуваат граѓаните да се воздржат од употреба на пиротрхнички матерјал и оружје на новогодишните празници.
Апелиравме до граѓаните празникот да го слават со игра и со песна, со јадење и пиење, наместо со оружје и петарди.Тоа покрај што носи законски последици, може да ја загрози безбедноста и здравјето, не само на оние што ги користат, туку и на случајни минувачи- велат од секторот.
Според нивно кажување во последниве години значително е намалена употребата на оружје и употреба на петарди за време на празниците и дека свеста кај граѓаните е подигната на повисоко на ниво.