Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот концерт ќе одржи Националниот ансамбл „Танец“, под наслов "Изворни минијатури", а во рамките на проектот "Танец низ татковимата".
„Публиката ќе има можност да ги проследи ората Манукот, Адана, Петрунино, Трченица, Ситна Лиса, фолклорните добра кои се на светската карта на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, пијанечкото оро Копачка и типичното машко двогласно пеење од Долни Полог“, соопштуваат организаторите.
Билетите за овој настан чинат 150 денари и можат да се набават на билетарата на Центар за култура.