×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тапка во место истрагата за убиството

    15.12.2011 15:18 | KumanovoNews

     И денеска од Полицијата и Судот велат дека нема ништо ново во однос на истрагата од пред два дена.

    Тапка во место истрагата за убиството

     Сите осомничени за убиството на Горан Стојковски Линка се пуштени, поради тоа што вештачењето и парафинската ракавица покажала негативни резултати, а ново приведени нема.

    Извор од полицијата вели дека убиството е извршено доста професионално, и дека без сведоци и без пиштолот од кој е пукано, само на основа на пронајдените чаури, полицијата многу тешко ќе дојде до сигурни докази.

    „Кумановската полиција нема капацитет, ниту во моментот има човек кој може да одработи вакво професионално убиство. Долгиот период без началник доведе до пад на квалитетот на работата на службите. Се сомневам дека ќе го најдат убиецот, најверојатно ќе остане нерешен случајот, исто како и убиството на препродавачот на девизи во м.в. „Багрем Бања„ што никогаш не доби завршница- велат луѓе кои ја познаваат состојбата во СВР Куманово.

    Убиецот најверојатно пукал од скалите кои се покрај самиот влез на зградата, а водат на вториот кат на трговскиот центар. Затоа и не бил забележан од никого.

    Луѓе кои живејат во зградата пред која се случи ликвидацијата на Линка, велат дека прво слушнале еден истерел од пиштол, а по неколку секунди уследило рафално пукање.

    Критичната вечер Линка кога  тргнал дома, го сочекал убиецот и пукал во него со 6 куршуми.