×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тасевска: Ниту еден ученик нема да биде исклучен од наставата

    06.05.2021 11:56 | KumanovoNews

    Новото законско решение за учебниците предвидува комбиниран модел на примена на учебници и други наставни и дидактички материјали, а ниту еден ученик нема да биде исклучен од наставата, потенцираше на прес конференција пратеничката на СДСМ од Куманово Лидија Тасевска.

    Тасевска: Ниту еден ученик нема да биде исклучен од наставата

    Таа вели дека учениците од прво до трето одделение ќе добиваат печатени учебници, додека за учениците од четврто и погорните одделенија приоритетна опција се дигиталните учебници, а  условите за нивна употреба ќе му бидат обезебедени секому.

    „Она што ќе го нема, се милионските тендери за печатење на учебници од кои со години профитираше претходната власт“, рече Тасевска.

    Со новиот Закон, според Тасевска,  за првпат е обезбеден пристап до учебниците кои ученикот треба ги користи. За учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигитални учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.  За првпат се обезбедуваат и учебници во аудио формат, а воедно се печатат и учебници на Брајово писмо.

    „Со новиот Закон се става крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза и поделби, а тоа не смее да биде причина за бојкот на наставата“, истакнува Тасевска.

    Таа ги повика  учениците и родителите да ги следат официјалните канали на комуникација на Министерството за образование и наука и останатите надлежни институции преку кои се информира јавноста за Законот за учебници, заради објективно и точно информирање на граѓаните.