Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Татко и син ноќеска биле избодени со нож кога се обиделе да спречат крадци да провалат во аптека.
Инцидентот се случил 30 минути по полноќ на ул. „Љубе Гуче„ пред аптеката „Шенди-фарм„. Додека синот А.И.(23) си стоел пред куќата ги забележал непознатите лица како се обидувале да влезат во аптеката. Тој го повикал татко му М.И.(56), по што двајцата отишле до луѓето да прашаат што бараат тука.
Тогаш еден од разбојниците извадил нож и го пробол А.И. во пределот на градниот кош, а потоа го нападнал и М.И. нанесувајќи му убодни рани во вратот и левата подлактица.
Двајцата повредени се пренесени во кумановската болница, по што М.И. поради сериозноста на повредите е пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.