Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во домот и дворот на Љ.Ј.(65) од село Табановце, полицијата утрово извршила претрес при што пронашла 71 стебло од растението канабис сатива.
Одземени се вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, околу 4 килограми наркотична дрога марихуана, едно кутивче со семки од растението канабис сатива, една воздушна пушка и еден куршум. Исто така одземени се и предмети црево, туби, мотика, кои се користени за одгледување и обработување на растенијата - изјави Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.
По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави против Љ.Ј. и неговиот син Б.Ј.(30), двајцата од Табановце и ќе бидат спроведени до Основното јавно обвинителство во Куманово.
Б.Ј. е познат сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани пријави и издржувал казна затвор, а на Љ.Ј. му се поднесувани кривични пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и измама за што лежел затвор.