×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Теа Алексовска постави нов младински рекорд во фрлање кладиво

    17.07.2025 11:57 | KumanovoNews

    Теа Алексовска атлетичарка во АК „Куманово“ постави нов младински рекорд на државно ниво во фрлање кладиво.

    Теа Алексовска постави нов младински рекорд во фрлање кладиво

    Новиот рекорд Теа го постави на Европското екипно првенство во 3 дивизија, кое минатиот месец се одржува во Марибор – Словенија,  како претставничка на македонската репрезентација.

    „Државниот рекорд за атлетичарки под 20 години и претходно беше на Теа Алексовска.  Новиот резултат е 38.44 мeтри. Овој резултат и донесе пласман во најдобрите 8, односно во финалето на овој натпревар кој беше доста конкурентен.  Ове не е само клубски успех, туку и на целата држава. Теа е многу телентирана девојка и и предвидуваме големи спортски успеси и кариера. Веќе во септември ја чекаат нови натпревар и предизвици“, вели Филип Колевски, претседател на АК "Куманово".

    Теа го држи и државниот рекорд во фрлање на диск, кој изнесува 37.72. 

    Теа е студентка и има 19 години, и настапува за сениорската репрезентација. Првиот настап за сениорската репрезентација и беше во 2023 година во Полска на Европското екипно првенство.