×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Театрите на Куманово и Плевен ќе работат на заеднички проекти, потпишан и меморандум за соработка

    01.06.2023 10:58 | Оливера Пешевска

        Директорите на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски и на Драмскиот-куклен театар од Плевен,  Бугарија Димитар Кабаков, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

    Театрите на Куманово и Плевен ќе работат на заеднички проекти, потпишан и меморандум за соработка

    Соработката започнува гостувањето на актерската екипа од Бугарија со претставата „Еден маж и една жена“ во Центарот за култура.  

    „Се надеваме дека во периодот кој следува ќе има плодна соработка со овој театар и сигурни сме дека ќе имаме успешна реализација на заеднички претстави во кои би играле актери од двата театри и би оствариле многу гостувања помогнати од двете држави“, изјави Тодоровски.

    Плевенскиот тетар оваа година полни 105 години од своето основање во 1918 година. Ова не е нивно прво претставување и настап во Република Македонија, од деведесетите години наваму настапувале во Битола, потоа во Скопје, Куманово, Струмица и Охрид.

    Со потпишување на договорот за соработка се потврдува релацијата меѓу македонските и бугарските уметници.

    „Тоа е најкраткиот пат, тука на Балканот кон создавање на нормални зближување на двата народа. Сето останато да го оставиме на политичарите. Нашата работа е да се вмрежуваме, да работиме и да ја радуваме публиката, како тука така и во Бугарија. Од тоа поубаво и поважно нема“, истакна директорот Кабаков.

    Од минатата година актерите се во меѓусебен контакт,  а сега ја остварила и првата средба.

    „Ви благодарам многу за пречекот кој е многу топол и љубезен, и ќе ја возвратием гостомпримливоста кога и вие ќе не посетите нас во Бугарија“, изјави актерот Ангелов.