Тече пријавувањето за млади лидери
Mладите со високо образование до 5 јуни можат да се пријават за учество на 5 - та по ред Школа за млади лидери, која е под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Кандидатите треба да имаат просек од 8,5, одлично познавање на англиски јазик, а работно искуство или магистратура ќе се смета за предност. Тие треба да достават две препораки од организација, компанија или факултет, потврда за одлично познавање на англиски јазик, копија од уверение за положени испити, кратка биографија и мотивационо писмо. Апликацијата треба да се испрати на Кабинет на претседателот на Македонија.
Школата за млади лидери ќе се оддржи во Охрид од 18 до 28 август, а целта е младите да ги развијат своите лидерски вештини и да придонесат за заедницата во која живеат.