×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Техносаем во “Наце Буѓони“

    22.05.2015 09:14 | KumanovoNews

    Во средното училиште “Наце Буѓони“ денеска се одржува традиционалниот натпревар Техносаенс, на кој учествуваат ученици од осми и деветти одделенија од основните училишта од општина Куманово.

    Техносаем во “Наце Буѓони“

    На четвртиот по ред Техносаенс, учествуваат 150 ученици и 70 ментори. Учениците се натпреваруваат во повеќе категории, а за најдобрите ќе има награди.

    „Се натпреваруваат во многу дисциплини, природни науки, математика, физика, хемија, биологија  и слично. Тоа се деца од осми и деветти одделенија кои се истакнале со своите трудови, со својата работа, а исто така дел од нив се талентирани во областа на програмирање, изработуваат такви трудови, како и презентации во програмот импрес. Исто така за спортот и спортските активности, како и секоја година има најмногу пријавени, над 60 учесници кои ќе се натпреваруваат во скок во далечина, трчање на 60, 200 и 800 метри“ - изјави Катерина Ѓорѓиевска, професор по машински предмети.

    Во дворот на училиштето беа поставени повеќе штандови, на кои се презентира работата на училиштето.

    “Имаме направено електростатички генератор, кој работи по принципот на електростатичка индукција. Составен е од два диска кои се вртат во обратен правец. Може да се напојува електронски, затоа е ставен електромоторот или може механички да се движи. Се користи да се добиваат струи со висок напон. Машината беше направена пред една недела, а се останато подготвивме за еден ден. Од овој натпревар имам  високи очекувања“ - рече Стефан Тасиќ, ученик во “Кочо Рацин“.

    Учесниците и менторите ќе добијат благодарници за учество на 4-от по ред Техносаенс.