Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во центарот на Куманово. По тој повод имаше подароци и попусти за корисниците на нивните услуги.
“На сите оние корисници кои денеска ќе го обноват својот претплатнички договор, со било кој тарифен модел, имаат можност за купување на таблет со вклучена тастатура и футрола, по пониска цена за дури 60 проценти. Така за сума од околу 2999 денари, покрај телефонскиот апарат што можат да си го подигнат, добиваат можност да си купат и таблет. Ние секогаш сме кориснички ориентирана компанија. На прво место секогаш ни се клиентите. Така било и пред реновирање на оваа продавница и во таков дух ќе продолжиме и понатаму. Продавницата е преполна, што мене многу ме радува и се надевам дека така ќе продолжиме“-рече Игор Додевски, вработен во Македонски Телеком.
Поволностите кои компанијата ги понуди, побудија голем интерес кај кумановци кои уште рано утрово ја посетија реновираната продавница на Македонски Телеком.