Теодора Димитровска кандидатка на коалицијата ЛДП И ДОМ за градоначалничка на Куманово
Теодора Димитровска е кандидатка на коалицијата ЛДП И ДОМ за градоначалничка на Куманово, на престојните локални избори.

„Ве информирам дека сум официјален кандидат за градоначалничка на Oпштина Куманово, како кандидат на "Движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" - Коалиција на ДОМ и ЛДП. Сметам дека сите граѓани заслужуваат еднакви можности, а како млад човек верувам во младите, нивните идеи, предлози и идеали. Ова е голем чекор за младите во Куманово и за обезбедивање на простор на младите за креирање на локални политики, рамо до рамо со сите други.Сите заедно за креирање на подобри локални решенија и политики“, напиша Димитровска.
Коалицијата ЛДП И ДОМ на локалните избори ќе настапи и со своја советничка листа на која носител е Валентин Ефтимовски.