×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тепачка во Соколански парк, двајца повредени, жителите вознемирени

    11.08.2023 16:29 | Оливера Пешевска

     Две лица се повредени во тепачка во паркот кај Соколана во Куманово.  

    Тепачка во Соколански парк, двајца повредени, жителите вознемирени

    Како што соопштува МВР, тепачката се случила ноќеска во 1.30 часот, а кај нив била пријавена денеска во 11. 45 часот. 

     „Д.Т.(39) и И.И.(42) двајцата од Куманово пријавиле дека во Соколански парк во Куманово биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

    И од Итната медицинска помош во Куманово потврдија дека ноќеска имале интервенција кај Соколанскиот парк, при што транспортирале двајца повредени. Едниот со повреди на главата и окото, а другиот на ногата и раката.

    Жителите кои живеат во околината на паркот  кои се јавија во нашата редакција и испратија фотографиии, кажуваат дека физичката пресметка многу ги вознемирила, поради што повикале полиција.  

    „Ова не е изолиран случај. Метеж, гласна музика, караници, физички пресметки, бучава од мотори се секојдневна појава која не вознемирува и често не остава без сон. Затоа бараме на овој реон да има почесто полициска патрола за да не доаѓа до вакви појави“, вели нашата соговорничка. 

    Соколанскиот парк е популарно собиралиште на млади лица, особено во летниот период е фреквентно цела ноќ.