Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата „Терма лифт“ и слаткарница „Зафир“ од Куманово, добитници се на Престижното признание за македонски квалитет, кое традиционално, секоја година го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.
Признанијана се доделени на националните претпријатија кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата, но и интернационално. Севеченоста се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“.
Претседателот Стево Пендаровски рече дека годинава признанието за македонски квалитет има посебна тежина.
– Вие знаете најдобро, во овие тешки услови колку напори вложивте за компаниите да опстанат, да ги сочувате вработените, да не кратите од нивните плати, а при тоа, да го задржите квалитетот на производите и услугите што ги испорачувате. Затоа признанието за македонски квалитет оваа година има посебна тежина и сите добитници заслужуваат особена почит, – рече Пендаровски.
Добитници на признанието се: „Еви Интернационал“, „Терма лифт“, „Ваурон“, „Ми-комерц“, „Процес Ин“, „Раденковиќ консалтинг“, „Зафир Комерц“, „Девомак“, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Горјан Јовановски автор на апликација „Мој воздух“.
Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.
(Плус инфо)