Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Ѓокица Величковиќ му е драгоцен секој ден и секој денар што ќе го добие за неговото лекување, а родителите се немоќни сами да му помогнат.
Ѓокица Величковиќ (21) од Куманово, коj има сериозни здравствени проблеми, викендов мора итно да замине на трансплатација на коскена срцевина на клиника во Флензбург, Германија. Неговата болест не дозволува пролонгирање на терминот, а семејството сеуште не може да ги собере потребните сретства за да го прати на операција.
Рокот за заминување на транспалнтацијата одамна е пробиен, а од Клиниката за хематологија веќе неколку пати ни рекоа дека секое одлагање е ризично. Тој требаше да замине уште во август мината година, но немавме пари. Во меѓувреме му се поврати болеста и беше на терапии за да издржи, додека да ги собереме потребните сретства. На Ѓоко му е драгоцен секој ден и секој денар што ќе го добиеме. Многу е тешко да имаш пред себе болно дете, а да си немоќен си да му помогнеш- вели низ солзи мајката Марика Величковиќ.
Болеста му е откриена пред 4 години. Операцијата во странство чини 175.000 евра и Фондот за здравство ќе покрие 80 проценти од трошоците, а останатите пари треба да ги обезбеди неговото семејство. Тоа повеќе од една година грчевито се бори да дојде до нив, но тешко им оди, бидејќи никој не е вработен. Родителите ја продаваат и куќата во која живеjат само да го спасат детето.
Благодарение на хуманите луѓе во државата, семејството успејало да обезбеди поголем дел од парите, но недостасуваат уште 15-тина иљади евра за целосно да се покријат и тошоците за неговата придружба и престој во странство. Родителите побарале Ѓокица да биде испратен на лекување, а тие во меѓувреме како ќе ги соберат, и да ги уплаќаат парите, но од Фондот за здравство им го одбиле барањето.
Кој може, кој има срце и душа ваков одговор во ваков момент да праќа. Можеби тоа не е во склад со законот, но од родителска и професионална гледна точка, зошто би било пречка да се пушти пациентот на лечење, а да продолжат да се собираат средства. Прашање е дали пациент со ваква дијагноза може да чека да бидат собрани сите потребни сретства - вели таткото Тошо Величковиќ.
Лекувањето во клиниката ќе трае 3-4 месеци, а досегашните искуства покажале дека пациентор по трнасплантацијата целосно оздравува. Од испитувањата било утврдена дека во светот постојат 10 сродни дарители на матични клетки, па од нив ќе се бара дарителот на Ѓокица. Операцијата ќе ја врши докторка од балканските простори Надежда Басара, кој веќе е запознаена со случајот и го очекува Ѓокица да ја започнат големата битка за неговото здравје.
Сите што сакаат да помогнат можат да уплатат сретства на оваа
жиро сметка: 300001000021827 Комерцијална Банка АД Скопје, девизна сметка 02-307-0533507.4 Комерцијална Банка АД Скопје или на телефоните:Т-mobile 070 143 107, ONE 075 143 700, VIP 077 143 700.