Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет и тригодишен кумановец се здобил со тешки повреди во сообраќајна незгода што се случила на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во село Романовце, вчера во 16 часот.
СВР Куманово информира дека патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.(23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.
По несреќата, возачот бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.