Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец со својот автомобил удрил во жена по што со тешки повреди била пренесена во болница.
Незгодата се случила вчера во 19.15 часот на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Сава Ковачевиќ“ во Куманово, кога патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(55) од Куманово.
Како што соопштува МВР во незгодата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.