×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тешко повредено девојче, ја удрила кола на тротоар кај Школска амбуланта

    12.07.2023 12:40 | Сузана Николиќ

    Малолетно девојче-пешак било тешко повредено вчера, откако во неа удрил автомобил, кој го управувал 24-годишен скопјанец. 

    Тешко повредено девојче, ја удрила кола на тротоар кај Школска амбуланта

    Несреќата се случила околу 16 часот, по судир на два автомобили на раскрсницата на улиците „Трета МУБ“ и „Перо Чичо“ во Куманово, додека девојчето стоело на тротоар. Повредени се и двајцата возачи и уште тројца сопатници во возилата, кои учествувале во сообраќајката.

    „Вчера во 16.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од И.К.(24) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.Н.(32) од Куманово, по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопштува полицијата.

     Очевидци на настанот велат девојчето на возраст од околу 14 години со уште едно девојче чекале да ја поминат улицата, кога наишол голфот кој се движел од центарот кон периферијата на градот,  а од улицата кај Школската амбуланта излегло другото возило. При судирот едното возило излетало од коловозот и удрило прво во детето, а потоа во куќата покрај улицата.

    „Глетката беше страотна. Оддеднаш се слушна силен удар и плачење. За среќа многу брзо дојде возилото на Брза помош и го однесоа детето. Велат дека е пренесено на лекување во Скопје“, вели очевидец.

    Другото девојче кое било во нејзино друштво поминало без повреди, освен вознемиреност и уплашеност.

    Кумановските улици и тротори станаа небезбедни места и за возачите и пешаците, поради големио број на несовесни возачи, кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Граѓаните бараат почести контроли и високи казни возачите на автомобили и мотори кои дивеат по кумановските улици.