Тешко повредено момче во сообраќајка во Бабин Дол
25.02.2021 07:28
| KumanovoNews
Момче се здобило со сериозни повреди и било пренесено на лекување на Скопските клиники, по судир на автомобил и мотор во населбата Бабин Дол.

Од Итна медицинска помош од Куманово соопштуваат дека во населбата Бабин Дол во 16.10 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и мотор. Лицето које го управувало моторот се здобило со тешки телесни повреди и пренесено е на понатамошно лекувањево Скопје.
Екипите на Брза помош имале интервенција во друга сообраќајка вчера наутро во 08:20 часот во близина на Терма лифт, но учесниците поминале со полесни повреди.