Тетовец во липковско довезол мигранти
03.12.2014 12:31
| KumanovoNews
Полицијата фатила тетовец како превезува мигранти во неговото возило.

На локалниот пат, помеѓу селата Слупчане и Ваксинце, вчера околу 15 часот, полицијата сопрела мерцедес со тетовски таблички управуван од И.У.(55). При претресот биле најдени 4 сириски државјани на возраст од 24 до 38 години. По документирање на случајот против И.У. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар во Скопје.